Од неодамна започнаа реконструктивни зафати во внатрешниот дел од црквата Св. Троица во Охрид. Според фотографиите објавени од оваа црква полека но сигурно се напредува во целиот тој зафат, па од таму напоменуваат дека секој кој е во можност може да оствари донација на средства преку жиро сметка или директно во црквата.














