Концесионерот на рекреативната зона „Охридско Езеро“ „Питон Фишинг“ ги пориби Сатеска и Песочка река со повеќе од 10.000 рипчиња подмладок охридска пастрмка.
– Како концесионери на рекреативниот риболов, извршивме порибување на Сатеска и Песочка река, а во денешниот ден и Коселска река со најмалку 10.000 рипчиња подмладок од охридска пастрмка. Овие реки не биле порибени повеќе од 20 години. Грижата за природата е наша обврска од која нема отстапување, порачуваат од „Питон Фишинг“.
Компанијата „Питон“ стана концесионер во сферата на рибарството на риболовната зона „Воска“ за стопански риболов која се протега од селото Подмоље до Св. Јован Канео и рекреативна зона (ревир) „Охридско Езеро“ за рекреативен риболов која го опфаќа целиот дел на Охридско Езеро кој припаѓа на Република Македонија, Охрид и Струга, каналот „Студенчишта“ и сите притоки на Охридско Езеро како што се Коселска река, Велгошка река, реките Черава и Сатеска и сите нивни притоки освен изворите кај „Св. Наум“ и заштитените зони на езерото.
ohridpress.com












