Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца согласно програмата за работа и финансискиот план за 2025г и одлуките на Извршниот Одбор продолжи со хуманитарната активност во 2025г.
Во месец април 2025г., поради случениот пожар на 16.03.2025 во Кочани ИО донесе одлука со која им се додели хуманитарна финансиска помош во пари во износ од 60 000 денари на семејствата на загинатите и повредени граѓани во пожарот преку формираниот “Фонд за солидарност” од Црвен крст на РМ, преку отворената посебна сметка во Комерцијална банка Скопје.
По повод Велигденските празници во месец април беше извршена посета на лицата, претежно пензионери сместени во Геријатриското одделение во ЈЗУ Општа болница, на кои им беа доделени пригодни подароци.

По повод Новогодишните и Божиќни празници во месец декември 2025г. ЗП Охрид и Дебрца набави 100 хуманитарни пакети со прехрамбени и хигиенски производи како помош на пензионери со пониски пензии, болни и други со предлог и оценка на одборите на месните ограноци.
Хуманитарните пакети како помош им беа предадени лично на пензионерите со посета на нивните домови на живеење од членови на месните одбори во 21 месен огранок на здружението, на пе зионерите им ги честитаа празниците а од нивна страна изразија огромна благодарност за остварената лична посета од активистите и за доставената и примена хуманитарна помош од ЗП Охрид и Дебрца.
ЗП Охрид и Дебрца
Комисија за информирање












