АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени 388 парчиња пиротехнички средства кај лице од Долна Белица, струшко

На 08.12.2025 во 17:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (34) од истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.