АктуелноОхрид

Поради приклучување кон нова водоводна линија прекини во снабдувањето со вода на ул. „Петар Поп Арсов“

Од страна на приватна фирма изведувач во тек е поставување на нова водоводна линија на улицата „Петар Поп Арсов“. Поради преприклучување на сите објекти на новата водоводна линија, на целата улица ќе има прекини во водоснабдувањето, почнувајќи од денес 09.12.2025 година до крајот на неделата во период од 08:30 до 15:30 часот, информираат од ЈП „Водовод„ Охрид.