На 05.12.2025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (46)г. од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички го нападнал едно лице , по што, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, предизвикал вербална расправија со друго лице , двајцата од Охрид.
Во текот на службените разговори во СВР Охрид, лицето кон полициските службеници, упатувал навреди и закани.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.












