АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

30 години Женски Центар „Бисера“ – Јубилеј за паметење!

Синоќа во прекрасната атмосфера на хотел Ривиера-Охрид, свечено го одбележавме 30-годишниот јубилеј на Женски Центар „Бисера“. Настан исполнет со емоции, гордост и благодарност, со присуство на многубројни гости, пријатели и поддржувачи кои со години чекорат заедно со нас.


Во знак на длабока благодарност беа доделени благодарници на нашите поддржувачи и долгогодишни соработници, кои се неизоставен дел од развитокот и успехот на нашето здружение.
Своја поддршка упатија и претставнички од политички партии, како и претставничката од локалната самоуправа, кои со своите кратки обраќања го нагласија значењето на женското здружување и активизмот во заедницата.

Вечерта ја заокруживме со традиционалната и секогаш очекувана „Тортијада“, која и оваа година беше од натпреварувачки карактер, носејќи многу креативност, сладост и дружба.
Имавме многу убави торти но наградите според гласовите од присутните гости ги добија:
Аматерки:
I награда-Даница Филева
II награда-Славица Стефаноска
III награда-Крстинка Колонска
Професионалци:
I награда-слаткара”Гордана” Охрид
II награда-слаткара”Беса” Струга
III награда- хотел ” Белведере” Охрид
Голема благодарност до нашата најстара членка Ристана Божиноска која беше покровител на наградите.
Како и досега, оваа Тортијада го покажа својот хуманитарен карактер. Сите парични средства собрани од продажбата на тортите и од донации на присутните ќе одат за лекување на нашиот Ивица Попоски .
Голема благодарност до сите кои беа дел од овој важен момент! Заедно продолжуваме да создаваме нови успеси, нови активности и нови можности за сите жени во нашата заедница.