UncategorizedАктуелноОхрид

Тренерите од клубот ITF ,,Ge- baek’’ учествуваа на Евро Куп во Р. Бугарија

Овој викенд на 15.11.2025-16.01.2025 година тренерите на клубот Владимир Димитриевиќ и Божидар Димитриевиќ во склоп на репрезентацијата од Македонска Традиционална Теквондо Федерација учествуваа на Евро Куп во Р.Бугарија Пловдив каде што земаа учество над 750 натпреварувачи од 13 Држави.
– Божидар Димитриевиќ настапи во две категории освојувајќи два медали и тоа : 2 место во категорија 92+ кг Сениори 18-34 години и 3 место во категорија -92 кг Сениори 18-34 години
– Владимир Димитриевиќ настапи во две категории Сениори 18-34 години -78 кг и категорија Сениори 18-34 години -85 кг и покрај одличните борби кои ги прикажа не успеа да се закити со медал.
Следен предизвик на членовите од клубот ќе биде на 06.12.2025 година на Меѓународен Натпревар во Р.Србија Нови Сад – Serbia Open каде учество од клубот ќе земат 6 такмичари за што се надеваме ќе остварат големи успеси.