Ердал Лушо од Струга, тргнува на херојска мисија – 16 месеци сам ја градеше својата едрилица „Пиксел“ и наскоро ќе ја започне пловидбата преку Атланнтскиот Океан. Тој ќе се натпреварува против 7 учесници од целиот свет – единствените кои успеаја да се квалификуваат за оваа адреналинска трка.
Ердал Лушо е еден од осумте учесници на оваа трка од целиот свет кои успеале да се квалификуваат на трката.
Сите учесници, според правилата, сами мора да ја изгреадат својата едрилица.
А потоа, кога ќе почне трката, пловејќи во едрилицата без мотор, водени само од ветерот и своите способности за управување и тактики, треба да го поминат Атлантскиот Океан, па од Португалија да стигнат до Карибите.
Ова е исклучително напорна трка и бара огромна подготовка, а Ердал освен подготовките на едрилицата, се подготвуваше и на вода.
Тој веќе е во Португалија, каде што на (11.11) требаше да започне трката, која трае 40 дена, но поради лошото време стартот е одложен за неколку дена.
„После топлиот пречек во Лисaбон тројца тргнавме према Сагреш стартната точка на соло прекуокеанската трка. За жал стартот е одложен поради лошото невреме пред нас така што се преместивме во Портимао за да се заштитиме од невремето.
Наредниве неколку дена ќе ги поминеме во марина сите осум учесници заедно, па ќе ја искористиме приликата за одмор и подобра припрема пред првата етапа“, напиша тој на Инстаграм, каде што сподели и видео со своите следбеници.
Ердал додаде и дека тој и едрилицата „Пиксел“ и се добри и поокрај малите непријатности.
„Имав мали проблеми со еден од контролерите за струја но брзо решивме“, напиша тој.
crnobelo.com












