На прес-конференција им се заблагодари на стружани што му ја дадоа довербата, нагласувајќи дека тие денеска испишале историја.
– Благодарам на сите, на сите граѓани на општина Струга што ме поддржаа, што сфатиле дека јас имам добри проекти. Тие денеска испишаа историја. Но, историјата ќе се заврши по четиригодишниот мандат, кога ќе завршиме и ќе имаме историски успех за четири години, рече Ќура.
Тој изрази благодарност и до неговиот изборен штаб, но и до коалициските партнери во Владата за поддршката.
kanal5.mk










