АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа помеѓу трактор и патничко возило на локален пат во Требеништа, Дебрца

На 30.10.2025 во 16:10 часот, на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици,  управуван од лице на (58)г.  и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од  лице на (72), двајцата од  с.Требеништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната , која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната , сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа.

Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека едно лице  бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.