АктуелноОхрид

(ФОТО) Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило”

Се припремаат леите каде ќе се засадува цветниот расад кој ќе ги краси парковите до пролетниот период. цветните леи се прекопуваат, а земјата се рамни, со што се спремни за засадување на цветниот расад виола (очиња) од сопствено производство
🌳Се отстрани суво дрво во близина на С.Р.Ц.,,Билјанини Извори” кое беше многу оштетено и како такво претставуваше опасност по околината и минувачите
🍃Се интервенираше за отстранување неуредна вегетација и косење на тревни површини вдолж пешачката патека до локалитет Горица
🍃Од тековните активности издвојуваме: редовно косење на тревни површини во градски парк, собирање на сувиот лист во градски парк, ул.,Булевар Туристичка”, ул.,,7-ми Ноември” и ул.,,Јане Сандански”