СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (29)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед во неговиот патнички автомобил „бмв“ со охридски регистарски ознаки, извршен на паркинг простор во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кокаин, по што го лишија од слобода.










