АктуелноОхрид

Пронајдена марихуана кај лица од Албанија кои илегално ја поминале границата

На 10.10.2025 во 20:20 часот на магистрален пат Струга-Ќафасан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ ги лишија од слобода  лице на (26), и на (28) и еден 16 – годишник, сите од Албанија.

Тие се затекнати во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, сопственост на едно од лицата , при што е констатирано дека  кај едното лице  и малолетникот илегално ја преминале македонско-албанската државна граница.

Додека, при преглед кај нив, кај  едно лице е пронајдена марихуана, по што е лишен од слобода. Со малолетникот разговор извршија адвокат за малолетници и претставник на Центарот за   социјални работи од Струга.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.