На 10.10.2025 во 23:50 часот на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода лице на (20) и лице на (19), двајцата од Охрид.
При преглед во паркиран патнички автомобил „фолксваген“, во кое биле двајцата, полициските службеници кај едното лице пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.












