АктуелноОхрид

OК ВМРО ДПМНЕ: Нервозата на СДС е најдобар показател дека поразот им е сигурен, а времето на политички аматеризам во Охрид завршено

СДСМ Охрид повторно демонстрира политичка немоќ, лична фрустрација и очигледна нервоза пред неизбежниот пораз што им следува на 19 октомври.

Додека ВМРО-ДПМНЕ работи, господо од СДС зборувате, додека ние градиме, вие се жалите, додека Охрид се гради и победува, вие стоите заглавени во своите порази.

Зад вашата лажна мотивираност очигледна е вашата паника која е разбирлива, кога имате кандидат без визија за Охрид, без политички кредибилитет и без став, кој не може да објасни ништо кога гостува на телевизии, логично е преку својот партиски пулен Јован Крлев да се обидете да го прикриете тоа со празни фрази.

Најлесно е од сенка да фрлате кал врз луѓето кои секој ден работат за својот Охрид.

Најтешко е да излезете пред охриѓани со конкретни резултати, нешто што како СДС не може да го направите, бидејќи едноставно нема што да покажете.

Крлев, изјавите за „режим“ и „страв“ се смешен обид да го вратите духот на политичката реторика од пред многу години, кога мислевте дека со фрази ќе ја покриете сопствената неработа. Денес вие сте симбол само на политичка истрошеност и локална безидејност.

Што се однесува до магистралниот пат Охрид – Битола, кога конечно ВМРО-ДПМНЕ има одговорен пристап, се обидувате да ја минимизира секоја успешна иницијатива, и тоа од завист и страв.

Холандскиот парк е потсетување дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што ветува го реализира. Разликата е едноставна, ние работиме, вие фантазирате.

Весна Цветаноска, кога зборувате за „солидарност“, тоа е врв на политичкиот цинизам од вашата партија која не покажа ни минимум емпатија кон сопствените сограѓани кога им бевте најпотребни. Навистина сте отсечени од реалноста кога веќе постоечки работи ги презентирате како нови идеи.

СДС Охрид е како лоша копија на неуспешен филм, истите актери, истата приказна, уште полоша режија. И охриѓани тоа го гледаат. Затоа и довербата кон нив е нула.

На 19 октомври охриѓани нема да гласаат за нервозни изјави и празни зборови. Ќе гласаат за резултати, за стабилност, за континуитет на развојот што го гарантира ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Затоа што Охрид не заслужува политички аматери кои зборуваат за градот само во предизборие, туку тим што живее со него, работи за него и се грижи за секој охриѓанец.

Нивната нервоза е најдобар показател дека поразот им е сигурен, а времето на политички аматеризам во Охрид е завршено.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид