АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Сиљаноски: Воведуваме редовен јавен превоз кој ќе ги поврзе нашите села и ќе го направи секојдневието полесно за сите

Достапниот и сигурен превоз е темел на модерна и функционална општина.
Решаваме еден од клучните предизвици за жителите на Дебрца. Воведуваме редовен јавен превоз кој ќе ги поврзе нашите села и ќе го направи секојдневието полесно за сите, со конкретен план:
✅ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ СЕКОЈА НЕДЕЛА ЗА СИТЕ! Почнувајќи од 2026 година, неделата ќе биде ден за семејството, пријателите и слободните активности, без да размислувате за трошоците за превоз.
✅ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ЗАЕДНИЦАТА Обезбедуваме бесплатен превоз и за нашите студенти, пензионери, спортски клубови и најранливите сограѓани, бидејќи никој не смее да биде изоставен.
🤝 Ова не е само воведување автобуска линија. Ова е инвестиција во квалитетот на живот. Градиме поврзана заедница во која секој има еднакви можности.
♥️ За Дебрца која се движи напред!