И годинава успешно продолжува со својата работа меѓународната ликовна колонија „Момир“ од Охрид. Колонијата, која веќе 25 години успешно функционира и обединува уметници од различни земји, оваа година се одржува на локацијата „Villa Art Colony“.
Во рамките на тековната сесија учество земаат академски ликовни уметници од Бугарија, кои активно творат и разменуваат искуства со своите колеги од Македонија и други држави.











