АктуелноОхрид

Претрес во с. Љубаништа, пронајдена марихуана кај лице од Скопје

На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (68) од Скопје.

При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.