На 05.10.2025 во 13:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат во кичевското село Бигор Доленци, лице на (65)г. од Кичево, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот.
Тој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница во Кичево каде му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршија полициски екипи.












