На 05.10.2025 во 10:35 часот на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (32)г. од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја напаѓал неговата 31 – годишна сопруга од Охрид и други членови на семејството.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „телесна повреда“.












