АктуелноОхрид

Пецаков: Издигнувањето на туризмот е наш приоритет

Издигнувањето на туризмот е наш приоритет! Работиме континуирано на подобрување на постоечката инфраструктура и изградба на нова, брендирање на градот и воведување мерки во консултација со туристичките организации.
Денешниот настан е посебен, ја прославуваме 20 годишнината на БАХА – Балканска Алијанса на Хотелски Асоцијации! Оваа соработка ја гледаме како клучна за развојот и унапредувањето на регионалниот туризам.
Честитки за јубилејот и посакувам уште многу успешни години!