АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Жителите од Долни Дримкол, струшко дишат јаглен!

Се почести се поплаките од страна на жителите на околните села од реонот на Долни Дримкол, особено селото Пискупштина каде постојано се складира јаглен.

Ова место е години н аназад препознатливо по јагленот но последниве години се повеќе се трупа и узурпира просторот, а околното население изложено на нечист и загаден воздух.

Наши читатели кои ни испратија фотографии се жалат дека воздухот кој го дишат е загаден и мириса на сулфур и друга непријатна миризба. Бараат од наделжните да се воспостави ред околу ваквата ситуација која се повеќе ја уништува и природата која е распослана на овој предел.

Во видеото јасно се гледа како јагленот испарува со оглед на временските услови кои самата природа ги одредува и доаѓа до негово испарување, а сето тоа завршува во белите дробови на околното население.