АктуелноОхрид

Охрид домаќин на јубилејниот 10ти состанок на Македонското дружение за ретки болести

Горд сум што Охрид беше домаќин на јубилејниот 10-ти состанок на Македонското здружение за ретки болести. Овој настан е од исклучителна важност, бидејќи овозможува размена на искуства и најновите научни достигнувања во дијагностицирањето, третманот и менаџирањето на ретките болести. Заедно со здруженијата, дефинираме идни стратегии за подобра грижа и поддршка за пациентите.
Како Општина, ние веруваме во силата на партнерството. Затоа имаме долгогодишна успешна соработка со овие здруженија, а како резултат на тоа, од 2022 година воведовме и стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби. Ова е само еден од многуте проекти што ги реализираме, а во иднина нѐ очекуваат уште многу.
Продолжуваме да работиме заедно за подобар и поправеден свет за сите!
/