Uncategorized

Кривична пријава за двајца насилници од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (40) и  лице на (42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 22.09.2025 во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и лице на (70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По извршениот увид, од местото на настанот пронајдени и одземени се два ножа, една пента и едно дрвено весло, а по наредба на јавен обвинител, двајцата пријавени се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
мвр