АктуелноОхрид

Протест „Стоп за депонијата“ во Струга, блокада на кружниот тек на влезот во градот

ПРОТЕСТ ВО СТРУГА! 🚨
Струга блокира – СТОП за депонијата!
Во петок, од 14:00 до 15:00 часот, го блокираме кружниот тек на влезот во градот.
Неможе повеќе вака – депонијата гори, никој не презема ништо, цела општина се труе.
Токму поради изборите, одговорните се најранливи и време е стружани да покажат сила.
✊ Ако не направиме притисок сега, проблемот нема да се реши ни во следните 4 години.
Доста беше – депонијата мора да се реши!
Без разлика на националност, вера или партиска припадност – сите го дишеме истиот воздух.
Дојди! Се работи за нас, се работи за нашите деца!