Поучени од претодните денови кога преку цел ден градот и околните села се без вода, од рано утрово стружани полнат вода, прават залихи за да имаат во текот на денот.
Ова се случува подолг период во Струга и околината. Во текот на вчерашниот ден исто така ова место беше без вода , а од ЈП Водовод и Канализација излегоа доцна вечерта со соопштение дека се работело на главната водоводна цевка, како и тоа дека дефектот е надминат.

Доколку дефектот е надминат се поставува прашањето зошто и денес утрово нема вода, односно со слаб притисок што се гледа на фотографиите кои ги испратија наши читатели.
До кога ќе се провлекува овој горлив проблем во градот кој буквално „спие “ на вода а останува без вода и дали некој од надлежните ќе смогне сила да го реши овој проблем?












