АктуелноОхрид

Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј се обрати на Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“

На ден 21.09.2025 година во куќата на Робевци во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Георгиј се обрати со поздравно слово на Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“. Симпозиумот е во рамките на Европските денови на наследството 2025 година, а го организираат Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот „Хумболт“ во Калифорнија.