АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Сообраќајна незгода на раскрсницата кај „Охрид мол“, повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случи попладнево  на раскрсницата кај „Охрид мол“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило ауди и моторциклист. Повредени се две лица кои се префрлени во болница.

Едниот патник од моторциклистот удрил во шофершајбната од возилото со глава. Двете лица од моторот не носеле заштитни кациги.