АктуелноОхрид

Лице од с. Лабуништа со остар предмет нападнал лице од с. Октиси

На 19.09.2025 година во 12:44 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Струга-Ќафасан, лице од струшкото село Лабуништа, најнапред физички, а потоа и со остар предмет го нападнал  лице на (28) од селото Октиси.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.