Според најавата, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре кај клучката кај аеродромот „Св. Аостол Павле“ во Охрид, ќе присуствува на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево-Охрид.
Кон средината на август, беше пуштена во функција клучката „Подмоље“ на автопатот Кичево-Охрид. Премиерот Мицкоски тогаш истакна дека на деловите од автопатот каде има свлечишта се работат проекти за стабилизирање на земјиштето, за да може цела траса да биде пуштена и завршена.
Според него, досегашната инвестиција во автопатот Кичево-Охрид се движи околу 600 милиони, а се очекуваат и нови поскапувања чиј точен износ засега не е дефиниран. Според Мицкоски, паралелно со тековните работи се подготвуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето на критичните точки со свлечишта, што е клучно за ефикасно и безбедно финиширање на целата траса.
Надлежните неодамна повторија дека ќе биде испочитуван најавениот рок за завршување на авопатот, а тоа е крајот на 2026 година.
ohridpress.mk












