Денес во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Георгиј, со голема радост го прими спортскиот херој Марко Пејчиновски со неговиот брат Андреј од Охрид. Марко претходната недела го реализираше својот подвиг кој беше на 28-ми август 2025 година, Марко трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше велосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид.
За време на разговорот стана збор за верата и довербата во Бога, како и за Божјата поткрепа и помош при секој подвиг, а посебно кај оној што побарува исклучителен напор и посветеност.











