Пограничната полиција од градот Корча во Албанија му пружи помош на македонски параглајдерист кој вчера за време на силното невреме бил однесен на албанска територија.
– Веднаш по добиената дојава, полициските служби реагирале брзо и професионално, успеале да го лоцираат и да обезбедат негово спасување, објави порталот 4news.mk.
Според соопштението на Дирекцијата за миграција и граница во Корча, информацијата прво пристигнала од капетанијата во Свети Наум, Република Македонија, која пријавила дека параглајдерист полетал, но поради силниот ветер неговиот лет бил пренасочен кон селото Аларуп, во близина на Поградец. Екипите веднаш биле испратени на терен, воспоставиле контакт со спортистот В.П. и потврдиле дека тој е во добра здравствена состојба.
Лицето било префрлено до граничниот премин Св. Наум, каде што влегло назад на македонска територија.
извор: 4news.mk фото: 4news.mk












