АктуелноОхрид

Доделени медалите на маратонци кои пливаа во тешки услови на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон

Синоќа на пригодна свеченост беа доделени наградите на маратонците кои пливаа на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон.
Согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот. Во машка конкуренција тројца пливачи имаа исто време и беа прогласени за победници: Матео Фурлан и Федерико Тамборино од Италија и аргентинецот Матијас Диас Хернандес.
Во женска конкуренција водечка во времето на прекинот беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина, второпласирана беше нејзината сонародничка Ерика Јенсен, а трета Милица Љубисављевиќ од Србија.
Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон оваа година изнесуваше 15 000 евра, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.