Поради најавените временски услови, за утре попладне, силен ветар и врнежи од дожд, а со цел да не се загрози безбедноста на учесниците на Охридскиот пливачки маратон, стартот на овогодинешниот 38-ми по ред Охридски пливачки маратон, на патеката Климе Савин во должина од 25км, ќе биде означен во 10ч. од Св.Наум.
Се очекува првите пливачи на целта, на Градското пристаниште да пристигнат околу 16ч.












