АктуелноОхрид

Повлекувани над 4 илади денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“(или лажна страна)

На бројни граѓани во Македонија кои купувале онлајн на ДМ сајтот  (или лажно изработена страна од нивниот бренд) за козметички производи им се повлекувани по 4 295 денари и префрлени се на фирма во Даблин, Ирска.

Неколку дена граѓаните оваа измама ја пријавуваат во полиција . Најверојатно станува збор за хакирање на сајтот на ДМ за онлајн продажба. Собрани се сите податоци од граѓаните и на сите им е одземен ист износ на пари.