Охрид

СДСМ Охрид: По четири години мандат, граѓаните на Охрид имаа право да очекуваат барем дел од предизборните ветувања да бидат исполнети

По четири години мандат, граѓаните на Охрид имаа право да очекуваат барем дел од предизборните ветувања да бидат исполнети. Наместо тоа, добија апсолутен минимум – ако воопшто нешто и добија. Уште поскандалозно е тоа што сега, наместо отчет, од локалната власт народот добива нови барања за доверба, како да се заборавени сите нереализирани проекти, сите игнорирани приоритети и сите изиграни очекувања. Изговорите се апсурдни: Како да сака Локалната власт да му каже на народот: ,,Дајте ни глас на изборите за да го завршиме тоа што ви го ветивме пред 4 години”  Но тоа не е одговорност на граѓаните – тоа е одговорност на локалната самоуправа, нивна должност и нивно промашување.  Особено е проблематичен начинот на кој ветуваа дека конечно ќе почнат да работат – преку проекти кои треба да бидат основни обврски на секоја општина, како улична инфраструктура, водовод, канализација и сл., но ги прикажуваат како „големи успеси“ што ќе ги финансираат преку туѓи кредити, преку унгарскиот кредит односно преку задолжување на граѓаните. Дали единствениот нивен успех во изминатите години е успешното аплицирање за средства од кредитот ? Сакаат ли да ги убедат граѓаните дека со тоа што ќе им ја подарат својата доверба сами граѓаните ќе си ги реализираат инфраструктурните проблеми ,со свои средства со камата?  Со ваков пристап – без отчет, без самокритичност, без реални резултати, туку со нови манипулативни ветувања и економски товар за граѓаните – бараат повторна поддршка? Наместо гласови, оваа локална власт пред да си замине во заборав заслужува сериозна одговорност пред оние кои им ја дадоа довербата, а тие ја предадоа. Со почит,Центар за комуникации на ОО на СДСМ Охрид