АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево

На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на влез за селото Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од  лице на (45) од селото Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од лице на (38) од селото Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од лице на (40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на (39) од селото Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиледно лице ., констатирани во Медицински центар Кичево. Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево.