АктуелноОхрид

Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло – ова е причината

Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август,  во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Раперот бил врзан со лисици од страна на полицајците пред хотелот, пред да отиде на настап.

Патем, ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици.

 

извор: КУРИР.МК