Во емисијата детално се објаснува патот од Белград до Охрид, посебно во делот на Македонија, каде детално се изнесуваат информации за состојбата на патиштата кои заради колапсот во минатите 10 години не даваат сјајна слика за нашата држава, но исто така се прикажуваат и работите на новите автопати од Тетово до Гостивар, и од Кичево до Охрид.
Во емисијата се прикажани и убавините на Макеоднија па така, снимен е кањонот Матка, кој е прикажан како фасцинантно убав, потоа екипата на САТ го посети Маврово, кое е препорачано за посета во лето, и на крај е круната на македонскиот туризам, нашиот Охрид.
Екипата ги посетува сите атракции од културно историското наслество, почнувајќи од стариот град, музејот на вода до манастирот Свети Наум, потоа ресторанот во Билјанини Извори, работилницата за филигран „ПС Филигран“ како и многу други локални атракции.












