Протоколарна средба остварив денес со Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.
Разговаравме за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.
Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Го запознав Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина.











