АктуелноОхрид

В недела осветување на новоизградената припрата во храмот Св. Јован Крстител во Мислешево

Црковното настојателство и свештеничкото братство при храмот Св. Јован Крстител Мислешево, Ве поканува по повод осветувањето на новоизградената припрата , 125 години од возобновувањето на храмот , 25 години од реновирањето и 10 години од првата Мислешевска средба.

По тој повод на 27 јули  во недела ќе биде отслужена Воскресна утрена богослужба со почеток во 7,30, по што ќе биде пречекан Дебарско кичевскиот митополит г. Ѓорги. и ќе биде отслужена Света Архиерејска литургија. Помеѓу другото ќе биде осветена и новата припрата а потоа ќе следи голема народна веселба со познати муетници од естрадата.