Денес сакаме да ги потсетиме трпејчани и охриѓани на едно ветување кое актуелниот градоначалник Кирил Пецаков го даде пред скоро четири години: изградба на пречистителна станица.
Иронично и тажно во исто време – на крајот од својот мандат, без ни трошка одговорност или срам, тој гордо изјавува:
„Проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца е тендериран и избран е изведувач кој започнува со изградба.“
Четири години имааа мандат. И сега, во последните месеци, имаме почеток на нешто што требаше да биде одамна започнато.
Дали е тоа успех или доцнење во извршувањето на проектите?
Што правеа изминатите четири години? Освен што постојано се фалеа со наводно раздолжување, кое патем, беше подготвено, иницирано и 70 % реализирано од претходната власт.
Па се прашуваме:
Дали оваа локална власт има барем еден капитален проект кој е нивен резултат – замислен, започнат и завршен во нивниот мандат?
Или целата стратегија им беше маркетинг, обвинувања, и користење на туѓи успеси за личен рејтинг?
Граѓаните на Охрид заслужуваат одговорна и визионерска власт. Не власт која на крај од мандатот почнува да „симулира активност“.











