Реакција на прес-конференцијата на ОО СДСМ Охрид
СДС Охрид веднаш ве фаќа паника штом видите градежни активности бидејќи не знаете како да реагирате кога нешто навистина се гради. Ве разбираме дека не ви е познато чувството кога нешто се реализира до крај, па затоа и ви изгледа чудно.
Проектот за пречистителната станица во Трпејца, кој вие само го спомнувавте во кампањи, конечно по 50 години е во фаза на реализација со обезбедено финансирање од 68 милиони денари, тендериран со избран изведувач.
Добро е што го наседнавте секретарот Јован Крлев да застане пред знакот за Трпејца, за да сфати и тој што значи кога зборовите стануваат дела, таму каде што вие гледавте само табли, ние започнавме градилишта.
Само да ве потсетите дека 7 (седум) пати го одбивавте амандманот за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца.
Проектот вклучува само една пумпна станица со примарна, со секундарна канализациска мрежа којашто по гравитациски пат ќе ја носи целата отпадна вода на едно место и од тоа место ќе се пумпа директно во пречистителната станица и понатаму од таа пречистителна станица ќе се испушта прва класа во Охридското Езеро.
А за вашето познато раздолжување што го спомнувате ве молиме не го препишувајте туѓиот труд.
За сите проекти ние даваме отчет, затоа што вистинската одговорна власт работи од прв до последен ден, а не како вас што на крајот од мандатот почнувате да се распрашувате каде биле проектите.
Иронично е што токму вие што ништо не направивте денес држите лекции за ефикасност, а тажно е што сѐ уште мислите дека народот ќе ви поверува.
Еве ви утеха:
На претстојните локални избори ќе добиете ваш капитален успех, тоа е нова прес-конференција на која ќе ја анализирате вашата нова изборна загуба.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид











