UncategorizedМагазинНаш ИзборНаш избор

Симпсонови повторно предвидоа,иста сцена, иста гардероба!

Нема кој не ја виде снимката од концертот на мегапопуларната британска група „Колдплеј“ во Бостон, љубовна сцена прикажана на големиот екран пред илјадници посетители предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Камерата го улови Енди Бајрон, извршен директор и основач на компанијата „Астрономер“, во близок момент со неговата шефица на одделот за човечки ресурси, Кристин Кабот – и тоа на очиглед на целата публика.
Додека камерите шетаа низ толпата, обидувајќи се да фатат емотивни моменти меѓу посетителите, романтичниот кадар на Бајрон и Кабот заврши на големиот екран, нешто што често се случува на спортски натпревари или концерти. Пејачот на групата, Крис Мартин, дури и прокоментира во микрофон: „О, погледнете ги овие двајца!“

Верувале или Симпсонови го уште пред 10 години го предвиделе овој настан.

Инаку иако парот брзо се повлече и се обиде да остане незабележан, снимката веќе почна да кружи на социјалните мрежи, каде што бројни корисници почнаа да ги препознаваат. Наскоро стана јасно дека Бајрон е оженет, што дополнително ја разгори јавноста. Коментарите не престануваат: од сочувство за неговата сопруга, до остри осуди и подбив на сметка на двајцата.