UncategorizedАктуелноОхрид

Поништена пресудата на судовите во Охрид и Битола со која на мајката Невена Спасеска и’ беше одземено детето

Врховниот суд на Република Македонија, одлучувајќи по поднесена ревизија од мајката Невена Спасеска, ја поништи пресудата од Охрид и Битола, со која старателството на четиригодишното дете го дадоа на таткото од Охрид, а мајката целосно беше исклучена.

– Ревизиите на тужената се усвојуваат, Пресудата на Апелациониот суд од 20-ти февруари 2025 година и на охридскиот суд од ноември 2024 година се укинуваат, а предметот се враќа на повторно судење, се наведува во одлуката на Врховниот суд, јави порталот a1on.mk.

Судот смета дека „пресудите од Охрид и Битола се нејасни и неразбирливи, не содржат доволно образложени причини за решителните факти од кои се раководеле судовите при одлучувањето, а дадените причини не произлегуваат од изведените докази па истите не можат во целост да бидат испитани“.

Според Врховен, основани се и ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право од страна на пониските судови, како резултат на што останала нецелосно утврдена фактичката состојба. Врховниот суд смета дека двата суда во Охрид и Битола, за разлика од описите за блискоста на детето со таткото, односно дека треба детето да живее со таткото зошто е богат, дека е машко и дека живее во мало место, не дале информации дали и мајката била повикана во Центарот за социјална работа во Охрид, каде всушност и не беше никогаш повикана.

Комплетната информација ОВДЕ. Obvi