АктуелноОхрид

При претрес во домот на лице од Струга пронајдена и одземена марихуана

На 16.07.2025 во 16.00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода  лице на (32)г. од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.