На 10.07.2025 година во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е (30) годишно лице од скопската населба Шуто Оризари. Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќир ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници. За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.












