АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Кичево кое бил агресивен кон полициските службеници

На 10.07.2025 година во 16.40 часот, во ОВР Кичево приведенo е (41)  годишно лице од Кичево. Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, при извршени контроли во патниот сообраќај, утврдиле дека управувал моторцикл „Yiying“ со кичевски регистарски таблици, без да поседува соодветна возачка дозвола и со измината важност на сообраќајна дозвола. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.