ОВР Струга поднесе кривична пријава против (29) годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Тешка телесна повреда“. Тој, на 29.05.2025 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, на лице (40) годишно од Охрид му упатил закани а потоа физички го нападнал нанесувајќи му тешки телесни повреди.